Секој трет ковид пациент има психичко растројство: Кога се покажуваат првите симптоми?
Пандемијата со ковид - 19 не покажува знаци на брзо заминување од планетата, а денешниот ден го користиме на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) .
На денешниот Светски ден на здравјето, можеме само да посакаме едно: што поскоро да се вратиме во нормалниот живот. Сепак загрижуваат последните светски истражувања.
Студија спроведена на 23.000 испитаници, претежно од Соединетите Држави, открила дека кај еден од тројца кои прележале Ковид-19 има дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување шест месеци по третманот.
Ова упатува на заклучок дека бран невролошки и психијатриски пациенти може да се очекува како последица на пандемијата, според стручното списание „Лансет Псајкајатрист“.
Од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кај преживеаните пациенти со корона, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс.
Студијата не утврдила кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувач на овие нарушувања, но е заклучено дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да се спречат или како да се третираат медицински.
Врз основа на анализата на медицинските досиеја, откриено е дека повеќе од 236 илјади луѓе биле дијагностицирани со некаков невролошки или психијатриски проблем кај 34 проценти од пациентите откако страдале од ковид-19.
Во насока на информациите подолу ви порачуваме да бидете посвесни за коронавирусот. Водете грижа за себе, почитувајте ги мерките и заштитете се себе си и своите најблиски.Извор: агенции