Секоја втора жена ја има оваа болест: Како да се ослободите од симптомите

Добивај вести на Viber

Ревматските болести вклучуваат повеќе од 200 различни болести кои влијаат на квалитетот на животот и не спречуваат да ги извршуваме најважните должности што ги имаме во текот на секој ден. Подготвување ручек, средување на куќата, активно играње со деца и внуци, одење кај сосед или продавница, релаксирачки прошетки со семејството или дружење со пријателите, може да биде голем проблем.

Еден од загрижувачките фактори со оваа болест е тоа што влијае на сите делови на телото. Се манифестира со болка во коските, зглобовите, тетивите и мускулите. Ревматизмот е прогресивна болест и мора да се третира редовно, совесно и упорно. Во третата доба, секоја втора жена страда од некаков облик на ревматизам, но тоа не го заобиколува машкиот дел од популацијата. За жал, се почесто младите се погодени од оваа болест.

Зошто се појавува ревматизам?

Причините за појава на ревматизам се повеќекратни, иако никој не може со сигурност да каже како и кога се појавува. Стресот, инфекциите, хормоналните промени, генетиката, недостаток на витамин К2, Д3 или калциум, рана менопауза, стареење, но и неправилна исхрана може да бидат причини за ревматизам.

Честопати можеме да ја слушнеме реченицата „секоја коска ме боли“, особено поради голем замор, промена на времето или неправилно лекување на оваа болест. Ревматизмот исто така може да влијае на главоболки, оштетен вид, тешкотии при движење на колковите и често се случува страдалниците да не можат да ги кренат рацете или нозете без да трпат неподнослива болка.

Сепак, добрата вест е дека ефектите од ревматизмот можат да бидат ублажени. Најчесто тоа се лекови (во консултација со лекар) и билки со антиинфламаторно дејство.
Бидејќи современата медицина нема лек за лекување на ревматизам, од помош се единствено лекови кои го смируваат воспалението, со тоа помагаат да се намали влошувањето на 'рскавицата и да се зголеми подвижноста на зглобовите.

извор:srbijadanas.com
фото:Shutterstock