Секојдневната грижа за менталното здравје води до поквалитетен и здрав живот

Добивај вести на Viber

Грижа за личното и колективното ментално здравје е легитимно прашање и при идеални услови за живот во поубави времиња, а денес во време на пост-ковид пандемија, загрозена животна средина, застрашувачки климатски промени и глобална економска криза и несигурност, алармот за интензивирање на грижата за менталното здравје е вклучен на црвено.

СЗО објави дека eден од осум луѓе во светот страда од ментални проблеми, а падменијата таа бројка ја крена за 25% во глобални рамки. Да не зборуваме за фактот што во економски посиромашните земји каква што е нашата, лицата со ментални проблеми не наидуваат на соодветна грижа, туку напротив – на стигма. Затоа овие глобални обиди за актуелизирање на менталното здравје се повеќе од добредојдени и кај нас, и сите колективно треба да сме свесни дека секој човек помалку или повеќе наидува на проблеми од психичка природа во животот –  секој човек секојдневно е изложен на стресни влијанија врз кои може, а такви врз кои не може да влијае,а менталното здравје е одредница како се справувате со стресот и изборите кои ги правите.

Секој ден треба да е ден за грижа на менталното здравје

Менталното здравје е грижа на која треба да и се посвети исто толку внимание во секојдневниот приватен или професионален живот, колку што се посветува на се’вкупното здравје. Постојат конкретни индикатори кои алармираат дека на вашето ментално здравје му е потребно внимание и грижа која можете сами да ги посветите. Состојби на изнемоштеност, несоница, зголемена анкциозност, потешкотии при концентрација или фокусирање, иразени чувства на тага, чести настинки или заболувања се показатели дека треба да се преземат конкретни мерки. Најдете време за релаксирање, правете нешто што вистински ве исполнува, направете промена, земете слободен ден(ови) од работните, па и од семејните обврски кога чувствувате дека „ќе прегорите“, и во краен случај – побарајте совет и помош од стручно лице.

Грижата за ментално здравје е еден вид на холистички одговор за грижење за се’вкупното психо-физичко здравје бидејќи го намалува ризикот од одредени заболувања како на пр. срцевите заболувања (за што стресот има огромна улога) или нарушениот имунитет, и воедно ја подобрува благосостојбата и расположението, ја намалува анциозностa, овозможува појасно размислување и подлабокии квалитетни односи со семејството, пријателите и колегите.

Како да започнете да се грижите за своето ментално здравје?

Чекор по чекор. Ова се неколку почетнички стратегии кои секој може да ги воведе во своето секојдневие:

1.  Квалитетен и редовен сон – спиењето не е само услов за добро физичко здравје, туку е главен параметар и за менталното здравје.

2.  Бидете физички активни – рекреативна или спортска активност го намалува стресот, го подобрува расположението, придонесува кон подобро спиење, помага при справување со симптоми на депресија и анциозност.

3.  Поминувајте време во природа за време на викендите – допирот со природата, во опкруженост од дрва и растителен свет, изложеност на сонце,чист воздух и звуци од природата се несомнено сигурни начини за подобрување на психичкото и физичкото здравје.

4.  Зајакнете ги врските со луѓето кои ви значат – силни, длабоки и значајни врски и релации со луѓето кои ви се важни во животот имаат позитивно влијание врз менталното здравје од повеќе аспекти – ја намалуваат осаменоста, пружаат емотивна поддршка кога е најпотребна и даваат смисол и значење на одредени сегменти во животот.

5.  Најдете си хоби кое ќе ве исполнува. Најубаво би било тоа хоби да вклучува користење на рацете, правење нешто со рацете: садете во градината, вратете и’ се на старата љубов – сликањето, земете онлајн часови за вајарствоили за било што друго што ве привлекува и интересира. Најдете време да правите нешто што ве радува, па дури и пејте, секој пат на глас кога ќе ја чуете вашата песна.

6.  Хранете се квалитетно, редовно и пијте доволно вода (> 2л/ден) -  јадете многу овошје и зеленчук заедно со храна богата со омега-3 масни киселини, како што е лососот. Темно зелениот лиснат зеленчук особено го штити мозокот. Јаткастите плодови, семките и мешунките, како што се гравот и леќата, се исто така одлична храна за мозокот. Можете да користите витамински суплементи од спектарот на Б витамините кои се препорачуваат за подобрување на функцијата на нервниот систем, како  и природни додатоци на исхраната, како на пр.  Сентис кој е природно решение за смирување и намалување на исцрпеноста и заморот.

7.  Водете љубов. Сексот и сексуалноста имаат позитивни влијанија врз важни аспекти во животот – физичка и психичка благосостојба, интелектуален и социолошки аспект, и секако емоционален.

8.  Намалете го времето поминато на социјалните мрежи најмногу што можете. Голем број истражувања во последниве години ја докажаа поврзаноста на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм) со појавa на депресиja и анкциозност, па дури и поекстремни облици на нарушуавање на менталното здравје, пред се кај помладата публика, но и кај возрасните.

Дали живееме во свет на глобална криза на менталното здравје е прашање кое се поставува секоја година на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, а овогодинешната глобална кампања одговорот го фокусира на темата менталното здравје и благосостојбата за сите да бидат глобален приоритет.