СЕЛФИТО ПООПАСНО ОД НАПАД НА АЈКУЛА: Koлку луѓе „опасното“ селфи ги чинеше живот?

Добивај вести на Viber

Националната медицинска библиотека на САД спроведе истражување кое даде страшни резултати.

При обид да се направи необично селфи, 259 смртни случаи имало во периодот од 2011 до 2017 година. Давење, пад и сообраќајни инциденти се наведуваат како најчести причини за смрт, па следуваат напади од животни, струен удар, оган и огнено оружје.

Тие даваат предлог на најопасните јавни места да се воведе „зона на забрането фотографирање“, што вклучува врвови на планини, високи згради и езера, каде што често има вакви трагични настани.

Гевин Зимерман(19) загина во јули годинава, кога сакал да направи селфи на карпа во Нов Јужен Велс, Австралија, а Томер Франкфуртер минатиот месец падна од 250 метри височина во националниот парк Јосемити.

Според истражувањето, во 72,5% случаи гинат мажи. 

Смртните случаи при правење селфи се најчести во држави како Индија, Русија, САД и Пакистан. Лани во вакви околности загинале 93 луѓе.