Селин Дион и Лејди Гага пристигнаа во Париз: Но која ќе настапи на свеченото отворање на Олимпијадата

Илјадници спортисти и навивачи почнаа да пристигнуваат во Париз пред првата Олимпијада во градот по еден век

И светски познатите пејачки Селин Дион и Лејди Гага пристигнаа во Париз, со што ги разгореа шпекулациите дека едната или двете поп икони ќе настапат на свеченото отворање.

Имено Селин Дион во понеделникот пристигна во хотелот „Ројал Монсо“ во близина на Елисејските полиња, каде што престојува и Леди Гага, но деталите за настапите на отворањето на Олимписките игри се чуваат во строга тајност.

Ниту една од пејачките не ги потврди шпекулациите, па останува да видиме каков спектакл не очекува.