Селма Мекиќ за хиџабот: Границите се во главата, а не на главата

Кога првата жена со хиџаб се појави во Собранието во Србија, беше напишана нова страница во историјата на Балканот. Што е фризура за „откриените“ дами, хиџабот е за припадниците на исламот кои ја покриваат косата.

Селма Мекиќ е една од најпознатите „покриени“ жени во Србија, а за „ТВ Прва“ вели дека слободата на живот и говор е исклучително важна работа.

Таа верува дека традиционалното и модерното можат да бидат совршена комбинација, но наведува дека постојано се соочува со негативни мислења и бариери кога носи хиџаб, а хиџаб носи од својата 15-та година.

"Границите се во главата, а не на главата. Јас секогаш велам, добро, носам хиџаб на главата, може ли да преминеме кон дијалог", посочува Мекиќ.


Фото: Video TV Prva/Screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Од мала ме учеа што муслиманките не смеат да прават: Денес Џамад игра кошарка со хиџаб и е апсолутна инспирација