(ВИДЕО) Од мала ме учеа што муслиманките не смеат да прават: Денес Џамад игра кошарка со хиџаб и е апсолутна инспирација
Џамад Фајн е апсолутна инспирација. Таа ја обожава кошарката и го носи својот хиџаб додека игра.
Видеото на кое се гледа како муслиманската сомалиска кошаркарка Џамад Фајн ги покажува своите дриблинг вештини стана вирално на Твитер, собирајќи над еден милион прегледи за еден ден.
Џамад е вистинска инспирација, која стана интернет сензација.
Покрај тоа што е многу добра во спортот, и видеа од неа како игра кошарка станаа вирални, тоа што особено ја издвојува и ја прави посебна е што им „прави пат“ на муслиманките во спортот.
Џамад: Целиот живот ми кажуваат што муслиманките не смеат да прават, но муслиманките МОЖАТ да прават се’!
Таа била првата и единствена девојка во средно училиште во Бостон, САД која играла кошарка со хиџаб.
Од мали нозе вежбала кошарка со браќата, го научила секој потег и денес е вистинска професионалка.
Џамад сака да докаже дека и муслиманките можат да се бават со спорт.
Нејзиното семејство и е огромна поддршка и не им е секогаш лесно. Но, Џамад навистина влијае позитивно врз жените низ светот.