СЕЛСКА ИДИЛА

Добивај вести на Viber

  Додека разговаравме со тато, мамо ни се придружи. Таа беше тивка, но мудра жена. Молчеше извесно време и потоа проговори: „Сè ова што ни се случува е затоа што никогаш не ги научивме ќерките да умеат да се справат со безобразните луѓе. Не обрнавме внимание да ја сфатат разликата помеѓу доброто и лошото и да се заштитат од неволји. Во селово кај нас лесно е да се опстане. Но, во голем град каде што има многу луѓе, кои го кријат своето минато, можеш ли да ги распознаеш? Мора да стекнат искуство, а тоа се постигнува со дружење со луѓе“.

  Тато со поглед ја пресече мама, но таа беше решителна да се искаже и продолжи: „Да, Ице, ние мислиме тие се самостојни и ги оставивме сами на себе, но не е така. Каде сме ние? Каде си ти? Ја праша Милка што планира во иднина? Знаеш дека учи за фризерка? Знаеш дека сака да се запише на факултет? Знаеш дека има момче? Само да ти кажам, времињата се променија. Не е тоа време кога ние се земавме. Сега, младите се забавуваат, се посетуваат дома, одат заедно на викенди на одмор за да се запознаат подобро. Ако Весна го живееше тинејџерскиот живот како повеќето останати нејзини другарки, немаше сега да преживува вакви грозни и грди настани“.

   Бев изненадена од нејзината смелост и решителност. „Мамо, од каде ти е оваа храброст?“, ја прашав. Но, мама беше навистина очајна и додаде: „Милка, јас кога бев ученичка многу учев. Но, сфаќањата беа примитивни во тоа време, девојче не требало да учи, требало да работи дома. Затоа сакам моите ќерки да бидат како сите други девојки“.

  Тато забележа колку е лута и почна да се шегува: „Снежана, не сум знаел колку си современа“. Мама луто му одговори: „Епа сега знаеш. Имам уште премногу да ти кажам. Ти почнуваш веднаш со ќотекот – ќе одам кај Кире и ќе го претепам. Тоа не е решение. Требаше навреме да се мисли. Сега сè е џабе. Но, затоа во иднина треба да се сплотиме како семејство и да се штитиме во моментот, а не потоа“. Мама стана и излезе од собата.

  Отидов да ја видам кравата бидејќи требаше да се отели. Секој момент чекавме ветеринар да дојде да ја прегледа. Кравата лежеше, а потоа отидов да ги нахранам кокошките. Денот помина невообичаено тивко.

  Вечерта дојдоа соседите да нè посетат, а со нив бевме блиски и можевме сè да си кажеме. Седевме во дворот под големото ореово дрво кое беше толку разгрането што навлегуваше и во дворот на соседите и правеше пријатна ладовина. Разговарајќи се вративме во детството со спомените и сите се смеевме. Благодарение на нив ни се врати расположението. Единствено, тато беше замислен. Очигледно, мајкините зборови го погодија.

   Утрото станавме, појадувавме и потоа пиевме кафе. Мама беше противник на пушењето и ја советуваше Весна да престане да пуши. Заѕвони телефонот на Весна. Се јави адвокатот и ѝ кажа дека закажал рочиште за развод за еден месец. Само што затвори пак ѝ заѕвони телефонот. Миа, газдарицата на фризерскиот салон, се јави да праша како е Весна. Таа беше запознаена со настанот поради тоа што Весна споделуваше со неа некои тајни. Разговараа и Весна ја покани да дојде на гости. Миа не беше сигурна, но рече ако може ќе дојде и ќе ѝ каже на Александра да дојдат заедно. До шталата имавме стара куќичка во која што живеевме кога бевме мали. Целата беше опкружена со цвеќиња и иако беше сè старо во неа, беше одржувано. Мама веднаш стана и рече дека ќе оди да ја среди куќичката.

  Навистина е убаво во село. Баш беше период кога се бере зеленчукот и се бере овошјето и немаше многу работа, а и немавме многу насадено. Мене ми недостасуваше Марко. Имаше многу за учење и учеа тимски, но, сепак, сакав да го видам. Кога се јави, му кажав дека може Александра и Миа ќе дојдат заедно и беше тажен. Мама ме слушаше и ми рече: „Милка, покани го ако сака да дојде. Ако останат на спиење, имаме каде. А треба и да го запознаеме“.

  Целата летнав од среќа. Марко мој ќе ме посети. Одлично. Кога се врати тато, мама му објасни и тој прифати велејќи: „Нека дојде, тие се млади. Нека се дружат“. Забележав промена кај моите. Во следните денови јас и мама ги средивме собите и го исчистивме дворот.

  Во петокот попладне, Миа се јави и кажа дека тргнува и дека ќе не изненади. Таа ги довезе Александра и Марко со нејзиното поло. Сите бевме радосни. Се поздравивме. Мама направи пита за добредојде. Беа воодушевени од многубројните дрвја, шуми, домашните животни во дворовите, огромните тополи. Пристигна и ветеринарот да ја види кравата. Тргнав со него накај шталата и го повикав Марко да дојде со нас. Ветеринарот кажа да се надгледува одвреме-навреме бидејќи кравата треба да се отели за првпат.

  Гостите сакаа да заминат уште вечерта, но моите не дозволија. Подоцна отидов да ја видам кравата. Марко ми се придружи. Седевме и разговаравме. По извесно време, Марко почна да ме опсипува со бакнежи. Ме бакнуваше страсно. Ми ја стави раката на градите. Ми ги милуваше градите. Моите брадавици веднаш се здрвија. Беше полутемно.

  Марко застана, но јас му реков: „Продолжи, се слушаат чекори кога некој доаѓа“. Се превртивме во сеното. Без размислување му го отворив шлицот од панталоните. Почнав да му го цицам дивјачки неговиот голем орган, со многу внимание и со многу страст. Потоа, ги раширив нозете и седнав врз него. Ми ги соблече до пола гаќичките и полека почна да влегува во мене. Нечујно, тивко. Почна да ме набива врз него сè подлабоко внатре. Го чувствував неговиот леплив секрет како се меша со мојот. Марко беше испотен, а јас од возбуда почнав да се грчам и да се наведнувам. Ќе паднев, но рацете цврсто ми ги фати Марко, што се движеа во такт со неговите. Целото тело ми се згрчи од возбуда. Марко ги осети моите грчеви и ме тргна од него. Се завртив кон него и почна да прска сперма, што ја прифатив со моите усни. Беше топла, мека и кога заврши, се облековме брзо.

  Поседовме уште малку да ни се смират телата и да ни се смират срцата. Адреналинот беше многу висок. Потоа отидовме кај останатите. Никој не забележа и не кажа ништо.

АНОНИМНА

Претходниот дел од приказната:

Облаци од љубов