Семејството кое за 13 дена почина од Ковид: Родителите имале примено кинеска вакцина, а синот не бил вакциниран

Кога Игор (52) почина на 21 јули, неговото семејство и пријателите беа скршени од болка, а плачеа дури и лекарите во Ковид болницата во Крушевац.

Игор остави три сина, најмладиот е сѐ уште малолетен - има 15 години. Но, и ќерка, која нема сила да раскажува и чиј живот се претвори во страдање во еден момент, одеднаш ископани три гроба. Но, таа сака луѓето да ја слушнат оваа приказна и да разберат дека короната убива, дека и младите треба да се вакцинираат, и сите да се чуваат, бидејќи не е готово. Не одблизу.

Нивниот пријател сведочи за трагедијата на семејството Милојевиќ, кое, како што вели, пролеало тони солзи, особено кога починал Игор. 

Драмата на ова семејство започнала кога Слободан (77) и Душица (72), сопружници кои живееле сами, се инфицирале во јуни. Никој не знае со сигурност како било, дали биле заразени од некој од младите луѓе кои дошле кај нив, а имаат и пет внуци, дали тоа било затоа што Слободан бил на поголем собир или нешто друго.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.