Сестрата на Лепа Брена се „крие“ од јавноста, додека брат ѝ често го гледате на ТВ: Ретко кој знае за нив

Добивај вести на Viber

Сестрата на Лепа Брена, Факета живее во Канада и никогаш не се експонирала во јавноста. 

Најголемата југословенска фолк-ѕвезда која е од босанското место Брчко, ретко зборува за своето семејство. 

Брена претходно има зборувано за своето детство, за скромниот живот кој го живееле. 

Таткото Абид и мајката Ифета, работеле како медицински техничар и кројачка, се труделе на своите деца да им овозможат сето она што им било потребно. Лепа Брена е родена како Фахрета Јахиќ, таа е трето дете во семејството Јахиќ, родена по братот Фарук и сестрата Факета. 


Сестрата Факета денес има две ќерки, а таа и нејзиниот сопруг Зоран веќе две децении живееат во Канада.

Oд друга страна малкумина знаат дека Брена има брат кој се занимава и со музика. Братот на Брена, Фарук, се занимава со музика со децении. Свири хармоника, беше член на бенд, а неодамна во една телевизиска емисија покажа дека е одличен пејач.


- Од кога знам за себе, нашата мајка пееше убаво севдалинка. Мојот брат започна да пее пред мене, а потоа и јас, под влијание на професорката по музичко образование, Радмила Чоровиќ. Бев хиперактивно дете, па затоа родителите, како брат ми и сестра ми, ме насочуваа кон спортски активности, а всушност најмногу уживавме да пееме во хорот. Ние пораснавме слушајќи музика од фестивали како Илиџа, Фестивалот Опатија, Белградска пролет - рече Брена пред неколку години.