Северина без силикони, едвај би ја препознале: Вака изгледала пејачката додека не отишла под нож

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се уште се споделуваат фотографии од музичката ѕвезда од почетокот на нејзината кариера.

Од кога се појави на јавната сцена и сега, Северина од година во година го менува својот физички изглед.

Кариерата ја започна во 1990-тите, но на почетокот не тргна по нагорен пат, туку на дури во 2000-тите.


Низ кариерата ја следеа разни скандали, а сега на профил на Инстаграм е објавена нејзината фотографија од почетокот на кариерата, која кога ќе се спореди со сегашната, можете да ги видите промените кои ги направила на нејзиното лице.

Иако од почетокот на кариерата важеше за убавица, таа не беше секогаш задоволна со својот изглед. Го оперирала носот кога имала 20 години, по убедување на докторот. Наводно, до денес имала четири интервенции. Самата пејачка еднаш призна што си оперирала на себеси.


- На 20 години го оперирав носот, ме убеди докторот. Не беше крив или грд. Дојде еден дечко и ми рече: „Би сакал малку да го поправам тој нос“ и му го дадов мојот нос. Застанав на носот, имав проблеми со дишењето после операцијата, не пред тоа. Но, тој е поубав од мојот роден. Што е, е“, изјави во една прилика пејачката за хрватските медиуми.

На социјалните мрежи често се споделуваат кадри од некои од првите настапи на Северина. На нив јасно се гледа дека пејачката тогаш изгледала многу поприродно од сега.