Северина го покажа луксузниот дом: Пејачката честита Божиќ пред прозорец со имињата на важни луѓе од нејзиниот живот

Северина се пофали со новогодишното украсување од својот дом и испрати честитка со која го привлче вниманието на сите, особено со едно име кое е испишано на прозорецот.

Пејачката позираше во својот луксузен дом, чии празнични украси ги воодушевија нејзините бројни обожаватели.

- Среќен Божиќ, ви посакувам многу „патокази“ во животот, кои ве радуваат... Ми недостигаше прозорецот – напиша Северина, алудирајќи на испишаните имиња на драги луѓе.

Меѓу имињата кои се појавија на самиот излог, место зазеде и продуцентот Филип Милетиќ, за кој веќе некое време се зборува дека е момче на Северина.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Филип е долгогодишен соработник на пејачката, а последниве месеци оваа двојка е неразделна, поради што многумина шпекулираат за нивната емотивна врска.

Во прилог на ова е и најновата фотографија од нивната заедничка вечера во елитен ресторан во Загреб, која Филип ја објави на својот Инстаграм.

Многумина коментираа дека пејачката едноставно блеска покрај својот продуцент, а неодамна и јавно му го честиташе роденденот, поради што многумина се убедени дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателски и деловен однос.

Така беше и овој пат, кога Северина закачи фотографија од својот дом бидејќи на тој начин повторно истакна дека Филип е важна личност во нејзиниот живот.

Иако има соработувано со многу естрадни уметници, Филип тврди дека Севе е најдобра за неговата соработка.

- Па, најдобро соработувам со Северина. Ние двете кликнавме најдобро кога е соработката во прашање. Имаме ист поглед на светот. Таа верува во она што го правиме, што е многу важно за пејачката - изјави неодамна Филип за врската со Северина.

извор:wanted.mondo