Северина се затворила во станот, не се јавува на никој? Пејачката наводно е во тешка психичка состојба по семејната драма

Северина Вучковиќ се најде во центарот на скандал кога нејзината сестра Маријана Поповиќ ја пријавила за семејно насилство, а како што се наведува, пејачката тешко го поднела овој скандал.

Како што пренесуваат српски медиуми, прво Северина најпрвин била во лоша состојба поради предавството на поранешниот сопруг Игор Којиќ, кој се сликал со Милан Поповиќ, целата приказна за тепачката во Сплит станала сол на нејзината рана.

Северина наводно не излегува од станот, многу е потресена и плаче, не одговара на ничии повици. Со неа постојано е и нејзината внука Миа, ќерката на нејзината сестра Маријана, која и самата е во лоши односи со нејзината мајка.

Да потсетиме, во вторникот загрепската полиција ја приведе популарната пејачка откако нејзините колеги од Сплит ги известиле дека мора да ја приведат. Според извор близок до пејачката, сестрата на Северина, Маријана Вучковиќ Поповиќ, лажно ја пријавила за нанесување телесни повреди.


Сестрата на Северина проговори по инцидентот: „Консумира разни лекови, се обиде да ме убие, ги има тепано и Игор и Милан“

„Јас викнав Итна помош, Маријана беше целата крвава“: Првата сосетка на Северина ги откри деталите од страшната тепачка