СЕВЕРИНА СО КОНЦЕРТ ВО ЈУЛИ ВО ОХРИД
Северина ќе одржи концерт во Охрид, на 27 јули од 21 часот, на стадионот „Билјанини извори“, објави охридскиот ноќен клуб „Awake“, на својата фејсбук страница.
Хрватската поп-ѕвезда е актуелна со хитовите „Хазардер“ и „Мртав за мене“, со кои го најави нејзиниот нов албум. Претходниот поголем концерт на Северина во Македонија беше во Скопје, во 2013 година, кој беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот „Добродошао у клуб“. Концертните настапи на таа турнеа беа богато мултимедијално шоу , а ги режираше покојниот словенечки режисер со светски успеси, Томаж Пандур.
Северина ќе пее во Охрид на 27 јули на стадионот „Билјанини извори“
Северина, на приватен план, во балканските медиуми е актуелна по судските рочишта со поранешното момче Милан Поповиќ, таткото на нејзиниот шестгодишен син Александар. Поповиќ ја тужи Северина за клевета поради наводни невистина кои ги изнела за него во медиумите, како и заштита за приватноста на синот. Поповиќ бара фотографии од синот да не се објавуваат на социјалните мрежи. Пејачката е во брак со поранешниот голман Игор Којиќ, син на српскиот-фолк пејач Драган Којиќ-Кеба.
Неодамна, сплитската пејачка на своојот фејсбук профил објави емотивен статус за нејзината мајка, на 13 мај, Интернационалниот ден на мајките.
„Пет месеци беше во кома откако ме роди, но преживеа и веднаш ме научи дека може да умре за мене, како и јас, за својот син. Ти благодарам мамо, за се“, напиша Северина за нејзината мајка Ана. Таа е една од првите колешки која и даде поддршка на српската пејачка Наташа Беквалац, која заврши во брза помош откако изјави дека во пијана состојба ја истепал нејзиниот маж, Лука Лазукиќ. Северина во знак на солидарност кон Беквалац, на нејзиниот инстаграм профил, објави снимка од заеднички настап во 2009 година.
(М.Џ)
Фото: Јелена Балиќ- Официјална Фејсбук страница на Северина