Шакира тргна и нема запирање: Подготвува нова одмазда за Пике-ова силно ќе го заболи!

Ќе добие уште една драма во животот на која веројатно не се надевал, објавија социјалните мрежи откако се дозна дека Шакира наскоро ќе објави уште една песна која ќе биде против нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.

Со недели се зборува за колумбиската пејачка и песната „Music Session Vol. 53“ во која таа зборуваше за тоа како Пике се однесувал во врската, а меѓу другото навести и како заменил Ферари за Твинго. 

Пике ја изневерил со студентката Клара Чиа Марти (23) со која пензионираниот фудбалер оваа недела објави фотографија на Инстаграм со која и официјално потврди дека се заедно.

Песната на Шакира стана хит, а тоа би можело да стане и новата песна која таа ќе ја објави на посебен датум - 2 февруари. Имено, следниот четврток и Шакира и Пике слават роденден, па тоа ќе биде „совршен“ подарок за двајцата.

Шакира и Карол Џи напорно работеа на песната. Спотот го снимале само за два дена, но снимале по 15 часа дневно.

Шакира во новата песна наводно повторно му се повикува на бившиот и зборува за тоа како била со Пике со кој има два сина. Сепак, овој пат тоа ќе биде на посуптилен, помалку директен начин.