Шакира во бикини и шорц на плажа: Коментираат дека не е така секси како што мислиме(ФОТО)

Фото: Profimedia

Колумбиската пејачка уживаше на плажа со сопругот и децата

Папараците ја фотографираа Шакира на плажа, и додека сите мислевме дека таа е секогаш скоцкана секс бомба, после овие фотографии сите коментираат дека Шакира на плажа е далеку од секс симбол, и е „нормална“.

Фото: Profimedia


Пејачката на плажа се појави во виолетов бикини топ со реси кои ѝ го покриваа стомакот, искомбиниран со широки шорцеви кои ѝ го покриваат задникот.

Фото: Profimedia


Да се ​​разбереме, Шакира е згодна, и навистина многу убава жена! Но, сите сме изненадени од нејзината „нормалност“ и опуштеност на плажа. Во еден момент таа личеше на нас.

Фото: Profimedia


Ги знаете оние моменти кога одите на плажа со вашите деца, се фрлате во брановите и уживате како повторно да имате десет години?! Потоа го носите најудобниот костим за капење, оној кој одолева на брановите и немирните детски раце, не се шминкате, не ставате накит и други непотребни работи... Само уживате во тие моменти.

Фото: Profimedia


Изгледа Шакира го пронајде рецептот за среќа и на тоа треба да ѝ завидуваме повеќе отколку на згодното тело!

Извор: stil.kurir.rs