Шако доби внука! Нема крај на среќата на пејачот, голема прослава во домот на Полумента
Шако Полумента стана дедо по трет пат.
Фолкерот Шако Полумента, по две внуки кои го прават најсреќен дедо, доби и внук Лео! Имено, неговата ќерка Ријана го роди синот Лео и донесе радост не само на пејачот и неговата сопруга Весна, туку и на целото семејство.
Како што пренесуваат медиумите од регионот, раѓањето на Лео го славеле до утрото во домот на пејачот со пријателите.
- Среќен сум што се помина како што треба и што го добив внукот Лео, заедно со две принцези кои ми ги подарија моите деца. Никој не е посреќен од мене – изјавил Шако за Република додека наздравувал со семејството и пријателите.
Инаку, Ријана, помладата ќерка на пејачот, минатата година се омажи за ракометарот Алекса Колаковиќ, син на легендарната спортска двојка Игор Колаковиќ, долгогодишен поранешен тренер на српската одбојкарска репрезентација, и Сандра Колаковиќ, некогаш најдобриот центар бек во Европа и освојувач на Лигата на шампионите.