ШЕПАСТИТЕ СЛАВАТ ПРВ РОДЕНДЕН, ВО САБОТА ОРГАНИЗИРААТ ДЕН ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ НА МИЛЕНИЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Добивај вести на Viber

Според светски истражувања е докажано дека милениците се тие кои играат улога на социјални помагачи, позитивно влијаат на нашето психофизичко здравје, се користат како терапија за многу специфични болести, го намалуваат стресот, а пред сè даваат многу љубов.

Во нашето општество, пракса е да се купи куче со добро педигре, кое во принцип значи дека нивната дресура полесно се спроведува, а педигрето исто така е и клучен сегмент за оние кои своите миленици ги носат на изложби организирани од кинолошки друштва. Но, ние сме со друга кауза, напуштените миленици, милениците израснати на улица да им најдеме дом и да ги заштитиме од несовесните.

Тргнувајќи од оваа кауза, го славиме нашиот прв роденден во ДОГ -  паркот во Градскиот парк – Скопје со почеток во 10:00 часот, каде сите посетители ќе имаат можност да ја видат процедурата за вдомување миленици, но најбитно пред сè ни е да ја видиме онаа љубов на прв поглед со овие четириножни пријатели на човекот. Најбитното за посетителите е дека може да се вдоми веднаш. Дојдете, имаме прекрасни миленици кои едноставно ќе ги освојат вашите срца. – изјавија од Шепасти Ентузијасти, здружение за животни и животна средина.