Шерон Стоун го хипнотизира цел Кан: Божицата на црвениот тепих пристигна во кралски фустан придружувана од 2 пријатели

Добивај вести на Viber

Холивудската дива Шерон Стоун вечера вечер прошета на црвениот тепих на фестивалот во Кан, а каков спектакл направи од нејзиното доаѓање...

 Шерон на премиерата на „Les Amandiers“ пристигна во придружба на двајца згодни мажи во темносини одела и очила за сонце, а овие господа всушност беа дел од еден вид настап кој актерката го подготви!

Шерон, позната како кралица на црвениот тепих со беспрекорен моден избор, блесна во неверојатно помпезната и впечатлива креација на брендот Долче и Габана, чие заштитно лице е и таа. 

Таа избра драматичен фустан во цветен, сино-бел принт, кој е препознатлив по споменатата италијанска модна куќа, и со огромно шлеп здолниште, а откако позираше пред насобраните фотографи и мавташе кон публиката, актерката го промени аутфитот. во секунда! 

Имено, двајцата мажи кои ѝ правеа друштво ѝ пријдоа на Шерон и со извежбани движења ѝ ја тргнаа шлепката од тоалетот, па славната 64-годишна жена остана во поредуцирана креација која ја истакна нејзината заводлива силуета. 

Шерон го комплетираше ова одлично издание, толку поразлично од сè што видовме во Кан, со сини сандали со платформи и вртоглаво високи потпетици и дијамантски обетки со сафири. Кратката, разбушавена коса, исчешлана наназад, ја заокружи целата оваа модна приказна.

Како ви се допаѓа ова издание?


Фото: Профимедиа