Шест безвременски есенски палта што лесно се комбинираат

Добивај вести на Viber

Модните дизајнери велат дека она што секоја жена треба да го има оваа есен е квалитетно палто кое ќе прилега со секоја комбинација. Ако погледнете во излозите на светските модни центри, ќе забележите дека понудата е сè порзлична, но сè се врти околу неколку модели на палта во кои вреди да се вложи. 

1. Карирано

Освен карираните капути, оваа сезона се популарни и карираните палта кои можат да делуваат лежерно, деловно и префинето. Дизајнерите велат дека за секоја жена се исплати да купи добро карирано палтно и предвидуваат дека овој дизајн уште долги нема да излезе од мода.

2. Палто од твид

Уште од дамнешните дваесетти години на минатиот век, јакните и палтата од твид ги продслави Коко Шанел. Од тогаш, тие се еден од оилените избори на многу жени и заштитен знак на секоја колекција на Шанел. Го препорачуваме за дамски стајлинг на секоја жена.

3. Вечното пепито

По неколку сезони пауза, повторно се враќа безвременскиот пепито дезен, а модните дизајнери и блогери велат дека пепито палтата треба подолго да се задржат во плакарот на секоја жена.

4.  Цветен дезен

Доказ дека цветниот дезен не треба да го врзуваме само за пролетта се преполните продавници со облека која е украсена со цветен принт. Ако сакате да се истакнете со стилот, почастете се со ефектно палто со цветен дезен кое ќе ве расположи и во најсивите есенски денови.

5. Двојно закопчување

Славните трендсетерки обожаваат класични палта со двојно закопчување кои се идеални за деловни прилики и за вечерни излегувања. Подеднакво добро излгледаат и со класични пантолони и со фармерки и чевли со висока пета. 

6. Палто на риги

Ригите некогаш можеби беа омилен летен детаљ, но од нив нема да се „откачиме“ ниту оваа есен. Карираното можеби ќе преовладее, но на ригите и понатаму ќе ви биде тешко да им оддолеете. Палтото на риги можете да го носите со било што, но немојте да претерувате.