ШЕСТ ВАЖНИ РАЗЛИКИ: По што ќе се разликува венчавката на Меган и Хари од онаа на Вилијам и Кејт

Добивај вести на Viber

Меган и Хари не се вознемируваат премногу околу традицијата, бидејќи на 19 мај сепак е нивниот посебен ден. Олеснителен факт е секако тоа што Хари не е прв наследник, па со самото тоа неговата венчавка ќе биде ослободена од некои стриктни „правила“.

За разлика од Вилијам и Кејт венчавката на новиот кралски пар ќе се разликува по овие нешта.

Меган ќе одржи говор

Претходниот месец, почнаа да кружат гласини како Меган планира да ја заобиколи традицијата и да одржи говор на сопствената венчавка. Воглавно оваа традиција им припаѓа на мажите, таткото на невестата или кумот. Меган, како велат гласините, ќе одржи говор во кој планира да му се заблагодари на своето семејство, кралица и сопруг. Кејт на својата венчавка не одржа говор.

Нема да има бакнежи на балкон

Еден од најпознатите моменти кој се случи на венчавката на принцот Вилијам и Кејт беше нивниот бакнеж на балконот. Парот размени еден срамежлив бакнеж пред насобраните луѓе пред Бакингамската палата. За жал, реприза на овој момент нема да добиеме од страна на новиот пар. Со оглед на фактот дека Маркл и Хари ќе се венчаат во замокот Виндзор, кој нема тераса, се шпекулира дека еден ваков јавен бакнеж ќе разменат веројатно на скалите на капелата или додека се возат со кочијата.

Ќе има значајно помалку гости

За разлика од венчавката на Кејт и Вилијам, Меган и Хари ќе имаат значајно помалку гости, а според најавите на церемонијата нема да има ниту политичари.

Нема да биде државен празник

Лоша вест за Британците кои планирале да го поминат денот гледајќи ја церемонијата на венчавката пред ТВ. Премиерката Тереза Меј потврди дека 19 мај нема да биде набљудуван како државен празник, како што беше случајот со Вилијам и Кејт.

Нема да има традиционална свадбена торта

Меган и Хари не се љубители на традиционални торти. Па нивната свдбена торта ќе ја направи слаткарата Violet bakery а тие сакале тортата да има вкус на лимон и да биде со цвеќиња како олицетворение на пролетта. 

Набљудувачи ќе бидат вклучени

Меган и Хари се одлучни во тоа публиката да биде вклучена во целиот настан и церемонија на венчавката. На приличен број луѓе ќе им биде дозволено дел од венчавката да ја набљудуваат од тлото на замокот а на голем број места во Лондон и околината ќе бидат поставени огромни билборди кои на публиката ќе и овозможат церемонијата да ја следат во живо.

Кога заврши церемонијата во црквата и кога парот ќе тргне во процесија, кочиите ќе го заобиколат и самиот замок, што воедно е и шанса набљудувачите да ги видат Меган и Хари од поблизу.