ШЕТАЛИШТЕТО РЕЧИСИ ПРАЗНО: Лошото време го намали бројот на туристи во Охрид

По хаотичниот викенд во Охрид за Илинден, овој викенд работите се поинакви. Во македонскиот Ерусалим останаа само жителите на градот и по некој турист, кој копнее во спокој и мир. Гужвите до плажите се минато, како и плажите.

Ако изминатите денови шеталиштето покрај езерото беше преполно со луѓе, овој пат се е поинаку. Сега физичката дистанца е лесно изводлива, луѓето безгрижно се шетаат и уживаат во убавините на градот.

Лошото време успешно го направи она што не можеше ниту една институција - ги испразни плажи и ги прекина лудите забави, каде што младите си дишеа во врат, без да размислат за последиците.