Шилегов му честиташе роденден на своето куче: Торта и декорации во сина боја (ФОТО)

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук објави роденденска честитка.

Имено Шилегов му го честиташе роденденот на своето куче од расата бишон.

„Некои работи едноставно, мора да ви се случат во животот. #Тоби, 3 години безрезервна љубов“ - напиша екс-градоначалникот на главниот град на фотографијата на која Тоби позира со торта и декорации во сина боја.