ШОКАНТНА ОДБРАНА НА СОПРУГОТ НА НАТАША БЕКВАЛАЦ: „Таа се удираше сама, модринките и се од масажа“

Добивај вести на Viber

Лука Лазукиќ, против кој е поднесена кривична пријава поради претепувањето на својата сопруга Наташа Беквалац, дал за српски медиуми своја верзија на случувањата кои ја шокираа јавноста.

Во текот на интервју со уредничката на „Блиц“ тој тврдел дека ја кажува вистината но дека не бил подготвен во тој момент да понуди докази, туку само тврдења. 

Тој понудил верзија дека Наташа Беквалац не ја тепал, дека кога тој тоа утро излегол од станот таа немала модринки по телото и исекотини на лицето кои и се утврдени нешто подоцна тој ден во Ургентниот центар и кои се јасно видливи на сликите кои денес јавноста ги види по прв пат.

Лазукиќ тврди дека - без докази- дека некои од очигледните повреди на телото на Наташа настанале од антицелулит масажите, или дека и ги нанела некоја трета, нему непозната личност, или дури самата Наташа на себе.

Очигледно добро подготвен тој упорно повторувал дека „не ја претепал својата сопруга“ а дека сите наводни докази за тврдењата ќе им ги предаде на судските органи во одреден рок.

Иако фотографиите од Наташа Беквалац ја зборуваат својата приказна, Лазукиќ тврди дека сопругата наводно „само ја поместил од себе“ за да не дојде до физички судир , бидejќи бил вербален. Лазукиќ дури наведува дека тој е повреден во наводниот напад на Беквалац но дека не сакал да ги покаже повредите во јавност.