Шокантно истражување: Норвешките власти одземаат деца за банални причини? (Видео)
Повод за надгледување на семејството може да биде ако детето има кариес, ако отиде на училиште без ужинка, ако спие во ист кревет со родителите, ако родителите го тераат да учи, ако го тераат порано да си легне да спие..
Новинарите од бугарската телевизија „Б-ТВ“ направиле страшно истражување, кое го потресе регионот. Имено, станува збор за проблем на неколку бугарски семејства кои во Норвешка се соочиле со страшниот систем на одземање деца од своите биолошки родители.
Податоците и информациите кои ги добиваат од загрозените семејства се шокантни, скоро и тешки за верување.
Во Норвешка, најстрогото законодавство е поврзано со одгледување на децата и таму социјалните служби можат да го одземат детето од семејството, по за нас, многу обични и неважни причини. На пример, повод за надгледување на семејството може да биде ако детето има кариес, ако отиде на училиште без ужинка, ако спие во ист кревет со родителите, ако родителите го тераат да учи, ако го тераат порано да си легне да спие..
Веднаш почнуваат со истражување на родителите и семејството, со документи од полиција, од болници и слично. И ако случајно се најдат било какви неправилности по правилата на социјалните служби, детето може во истиот момент да биде отргнато од своето семејство.
„Барневерт“ е норвешка служба за заштита на децата, која бескомпромисно ги одделува децата од своите родители. Низ светот постојат милион случаи на оваа тема, каде на семејства им се одземани и по 4 деца, дури и штотуку родени бебиња. Уште пострашно е што тие деца се распределуваат кај сосема различни „згрижувачки семејства“ , кај кои треба да се смират од траумата која ја доживеале во биолошкото семејство и им е дозволен минимален контакт со своите вистински биолошки родители по кои секојдневно патат. Во еден од најпознатите случаи на романското семејството на Marius и Ruth Bodnariu, по интернационалниот притисок од протестите низ повеќе држави, петте деца се вратени кај ова семејство.
На „Фејсбук“ дури постои и група, во која цела плејада на родители ги споделуваат своите вистински приказни со одземени деца.
Протест за да се вратат децата на својата фамилија
Според статистиката од 2016-та година, од 58.890 родени деца во Норвешка, во 58.200 има сигнали за деца во ризично семејство, во 54.620 случаи службата за заштита на децата се активира, и ги одделува децата од своите родители во дури 21.848 семејства (40% од случаите).
Две бугарски семејства соочени со фактот дека доколку станете мета на норвешката служба за заштита на децата, има огромни шанси да останете без нив, решава да се врати на домашен терен во Бугарија и да заборави на животот во Норвешка.
На Деница и Светослав им е кажано дека нема да имаат деца, меѓутоа Деница забременува и се соочуваат со овој проблем по раѓањето на нивните ќерки близначки Зара и Софија. Проблемот настанува кога нивните комшии ги пријавуваат во службата за заштита на децата поради постојаното плачење на децата, што е всушност нормално бидејќи се работи за бебиња. Веднаш во моментот кога тие дознаваат дека можат да им бидат одземени децата без некоја посебна причина ја напуштаат Норвешка и мирно живеаат во Бугарија.
Истото се случува и во семејството на уште една бугарка, која се вратила од Норвешка за да си ги спаси децата. Таа вели дека не треба ништо навистина да направиш, доволно е некој да каже нешто за тебе и се така почнува..
Последниот случај е дефинитивно најболниот и најстрашниот. Цветелина Оланд е мајка со бугарско државјанство која нема право да си ги види своите деца од 25-ти април оваа година до 1-ви јануари наредната година. Имено таа има син и ќерка со норвежанец од кој пред неколку години се развела. Тогаш започнуваат сите проблеми. Таткото им зборува лошо на децата за нивната мајка и за бугарската култура, а тие бидејќи се многу приврзани за неа, по извесно време одбиваат да го гледаат. Тогаш тој за тоа ја извесува службата за заштита на деца, која прави тест за интелигенција врз двата родитела. Мајката излегува со процент на интелигенција над средното ниво, додека таткото со процент под. Со тоа службата заклучува дека мајката со својата надпросечна интелигенција може да ги манипулира децата, па и ги одзема. Она што е најлошото во тој момент е што таа мора да изгледа прибрана и да не плаче, за да не ја прогласат за писхички неспособна. Цветелина, цели 5 дена не знае каде се нејзините деца, а после тоа и кажуваат дека синот и ќерката и се во различни семејства , оддалечени 200 километри еден од друг, иако се разлика само 1 година. Дозволени и се неделни посети, кои потоа и ги укинуваат, и не и дозволуваат да добива никакви информации за состојбата на нејзините деца.
Од 1-ви јануари до 30-ти јуни 2020-та година, мајката може да е со децата 2 часа и 30 минути на секои 2 месеци во приуство на набљудувач( и мора да зборува со нив на норвешки јазик). Од 1-ви јули до 30-ти јуни 2021 година, мајката може да е со децата 4 часа на секои 2 месеци.
Таа во следните 4 години, ќе има помалку од 48 часа за своите деца.Мајката и телевизијата веќе се обратија до бугарските власти за помош да се дојде што побрзо до решение за овој катастрофален проблем.
Ова е видеото кое стана вирално, и има многу споделувања и поддржувачи.
Даница Караташова