Шон Пол со скромни барања пред скопскиот концерт
Доволно чист простор за него и неговата екипа, многу вода, овошје и свежо приготвена храна. Ова го побарал од скопските организатори светски популарниот музичар Шон Пол кој на 23 август ќе настапи на Стадионот АРМ во Скопје. Уникатниот музичар од Јамајка кај нас ќе допатува со својата комплетна 17-члена екипа која вклучува танчари, бенд, како и техничка поддршка. Поради следниот закажан концерт, Греми-добитникот во Скопје нема да се задржи долго, но судејќи според рајдер листата тоа ќе му биде сосема доволно да се запознае и со домашната публика и со главниот град, информираат од Fusion Production.
Влезниците за
еден од најочекуваните концерти летово се продаваат по 1.500 денари за партер, 2.100 за фан пит и 2.700 денари
за ВИП-влезници. Во ограничена количина се пуштени во продажба и ултра ВИП билети
(8.500 денари) со ексклузивен 'meet and
greet' настан по концертот, каде фановите ќе може
да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде
организирана на највисоко ниво.