Штикли, долна облека и хигиенски влошки: Што користат сите ЖЕНИ денес, а е направено за МАЖИ!?

Верувале или не, првата продавница за долна облека на „Викторија Сикрет“ е отворена за мажи, а за нив биле наменети дури и првите влошки за еднократна употреба.

Се разбира, и двата производи имаа различна намена во тоа време.


Влошки за еднократна употреба

Хигиенските влошки за еднократна употреба се еден од изумите на американскиот писател, научник и пронаоѓач Бенџамин Френклин, кој ги создал во средината на 18 век, за да го спречи крварењето на ранетите војници, а во комерцијална продажба влегле дури во 1888 година.

Штикли - Високи потпетици

Историјата на високите потпетици, наводно, датира од Персија и XV век, а војниците ги носеле за подобро позиционираниње на стапалата при јавање. Подоцна персиските мигранти ги донеле високите потпетици во Европа, а мажите кои беа на власт во тоа време ги носеа како модерен детаљ со кој беа повисоки.

Јога

Се верува дека јогата ги има своите корени во Индија, а ја практикувале само мажи, познати како „луѓе од учење“. Подоцна на Запад јогата полека стана популарна меѓу жените.

Кроп топ маици

Денес, овие маици се дел од женската гардероба, но популарната облека ја создадоа мажите за мажи, како дел од модата за бодибилдинг, за полесно да се покаже извајаното тело.

Чанти

Првата чанта била замислена како чанта за пари, а поради својата функционалност била популарна меѓу мажите. Со текот на времето почнаа да се носат и женските чанти, повеќе како моден детаљ.

Чорапи

Првите хулахопки и чорапи ги носеле мажите и се нарекувале црева. Мажите во Европа ги носеа додека јаваа.

Долна облека

Човек по име Рејмонд се засрамил додека купувал долна облека за една жена, што го инспирирало да создаде место каде мажите слободно и опуштено ќе можат да купуваат долна облека, поради што познатиот бренд се отворил, а првите муштерии биле мажите!


Фото: freepik