Штимац и понуди помош на девојка од Врбаш: Никој не сака да оди на матура со неа бидејќи е ромка, но затоа тој направи едно прекрасно дело
Поранешниот кошаркар на Црвена sвезда и српски репрезентативец Владимир Штимац реагираше на веста која ја шокираше Србија, за дискриминација на девојка со ромско потекло од Врбас. Врсниците во училиште во Врбас дури и донеле бакарна жица за да ја исмеваат.
Сека Алексиќ многу брзо се понуди да оди со девојката на матура, а по повод истата вест се огласи и Владимир Штимац.
- Видов дека Сека Алексиќ сака да оди на матура со девојка која е безмилосно понижена. Срам да ви е... Јас ќе и купам фустан и чевли за таа матура. Ве молам кажете ми го бројот – напиша Штимац, а потоа продолжи:
- Извинете што морам сето ова да го правам јавно. Но, приказната ме погоди дирекно во срцето. Ве молам, уште еднаш помогнете ми да најдам контакт од тоа семејство, за малку да го развеселиме и разубавиме детето. Тоа сакам да е подарок од мене. Однапред ви благодарам – напиша Штимац.
Фото: Screenshot/twitter/instagram/simac