Што да направите кога некој ќе ве изневери: Големата лекција на Ал Пачино
Што да направите кога некој ќе ве изневери: Моќна лекција од Ал Пачино
Еден од најголемите и најпочитуваните актери во Холивуд е Ал
Пачино, кој глумеше во бројни филмови.
Легендарните изјави на Ал Пачино се цитираат многу често, а она што тој го кажа за изневерување на саканите треба да се сфати сериозно.
„Предавството е составен дел од животот, родителите ги напуштаат децата, оние кои преку ноќ се заколнаа на вечна љубов стануваат рамнодушни, мажот ја напушта сопругата. Сите овие ситуации се дел од животното патување“, вели тој.
„Кога некој ќе не‘ повреди, важно е да се запамети: тоа не се случи затоа што ние сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога врне, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време“.
Откако ќе го разберете ова, ќе станете имуни и ментално посилни. По овој став треба да се водиме почесто. Луѓето поминуваат премногу време обвинувајќи се себеси, а тоа ни најмалку не помага. Како да одговорите кога некој ќе ве изневери и повреди? Не акумулирајте негативна енергија.
Не барајте објаснување и не ја продлабочувајте дискусијата. Решението е многу поедноставно, еве како го објаснува тоа актерот. „Не трошам време на луѓе кои ме повредиле. Не тргнувам по нив и не размислувам премногу за тие ситуации.
Немам време да ги мразам оние кои ме мразат, премногу сум зафатен со оние кои ме сакаат." Штом човекот е постар и помудар, тој има сè помалку желба да се расправа за неважни работи. Тој едноставно сака да стане, да ви посака се‘ најдобро и да си замине.