Што е киселинско-базна рамнотежа и како влијае за здрав организам

Добивај вести на Viber

Киселинско-базната рамнотежа во организмот подразбира избалансирано ниво на киселост и алкална база, или позната како pH вредност. Врз нивото на pH вредноста влијаат различни фактори, но најважна е исхраната која го контролира нивото на киселост а дополнително и животниот стил. pH вредноста се одредува преку скала што ја мери киселоста во организмот, почнувајќи од 0 до 14, каде што 0 означува најкисела средина, 7 неутрална и 14 најалкална средина.

Одржувањето на оваа рамнотежа на организмот е исклучително важно, затоа што во спротивно со себе носи ризици од заболувања, како и многу нарушувања во нормалното функционирање на разни процеси во организмот. Нездравиот животен стил и лошиот избор на храна, го поттикнуваат создавањето на кисел отпад (киселински отпад) што значително го оптоварува организмот, а тоа на долг рок води кон пад на имунитетот, дебелината, недостаток на енергија и слично. Посериозни последици се рефлектираат кај болести кои се поврзани со киселост, како што се дијабетес, остеопороза, артритис, формирање на камења во бубрезите и честопати се поврзани со киселоста на организмот и ракот.

Кисело-базната рамнотежа му овозможува на телото да се бори против разни болести. Сепак, оваа рамнотежа во голема мера може да се контролира, важно е да се следи pH вредноста на храната што ја внесуваме во организмот. Еден од начините е следење на правилото 80:20 кое е клучно за рамнотежата на организмот и подразбира внесување во организмот 80% од храна што создава алкално опкружување и само 20% храна што создава киселост. Во исто време, потребно е исхраната да се заснова на 75% сурова и 25% термички обработена храна, бидејќи готвењето, конзервирањето и замрзнувањето ги намалуваат основните карактеристики на храната.

Постојат и неутрални храни, кои што ја одржуваат рамнотежата, а тука  посебно се издвојува Баланс+ пробиотскиот јогурт како најдобар производ што создава рамнотежа во организмот.