Што им е заедничко на Лионел Меси и Јелена Ѓоковиќ? Го збунија светот со ист детаљ, станува збор за моќно суеверие

Добивај вести на Viber

Не долго откако сопругата на Новак Ѓоковиќ го привлече вниманието на светската јавност кон себе со необична амајлија, истото го направи и Лионел Меси

По победата во финалето на Светското првенство во Катар, социјалните мрежи беа преплавени со снимки од соблекувалната на Аргентина. На една од фотографиите е забележан интересен детал на ногата на капитенот Лионел Меси.

Имено, фудбалерот на „Парис Сен Жермен“ носи црвена лента околу глуждот, која има симболично значење.

Станува збор за врвка која пред четири години на Меси му ја подари новинарот Рама Пантарото, а се работи за амајлија која привлекува среќа и ѝ припаѓала на неговата мајка.


- Мојата мајка те сака повеќе отколку мене - рекол Пантарото додека му ја давал врвката на фудбалерот. - Ја носам нејзината црвена среќна врвка. Ако сакаш, можам да ти ја дадам.

Лионел Меси го прифатил овој подарок, а по кратко време новинарот се изненадил кога по прес-конференцијата му се јавил фудбалерот и му покажал дека околу глуждот ја носи врвката од мајка му.

- Мамо, Меси ја носи - викаше Пантарота пред камерата.

Странската јавност е збунета од овој детаљ, исто како што неодамна го привлече вниманието на светските медиуми црвената врвка околу раката на Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, додека таа навиваше за својот сопруг во Торино. 


Во нашата традиција, црвениот конец е добро познат како амајлија за заштита од магии и привлекување среќа, но очигледно не е само балкански обичај - тоа е талисман присутен во многу култури.

Извор: glossy.espreso.co.rs