Што интересно ќе гледаме овој септември на Филмбокс?

Нов месец и многу нови филмски наслови на Филмбокс. И покрај почетокот на новата учебна година и завршувањето на летните годишни одмори, Филмбокс продолжува да забавува. Овој месец програмата е исполнета со многу комедии, драми, и помалку научна-фантастика.

„Убави грди луѓе“

„Убави грди луѓе“ е америчка црна-комедија од 2008-та година. Филмот е режиран од Тејт Тејлор и го претставува неговиот дебитантски долгометражен филм.

Луси отсекогаш користела храна за да избега од животните проблеми, но кога оваа самонаречена „дебела пријателка“ ќе ја намами својата група стари пријатели на собиранка, таа открива „нова Луси“ - слаба, убава, но сѐ уште несигурна.

Не пропуштајте го „Убави грди луѓе“, на 19.09 од 21:00 на FilmBox Extra.

„Машка интервенција“

За разлика од повеќето комедии од ваква природа, филмот „Машка интервенција“ има еднаков број женска публика колку и машка публика.

„Машка интервенција“ ја раскажува приказната на Спенсер кој е студент со скршено срце. По разделбата со неговата поранешна девојка, тој се наоѓа во незапирлив круг на самосожалување, сѐ додека неговиот најдобар другар Коук не одлучи да му приреди таканаречена „машка интервенција“.

„Машка интервенција“има освоено награда од публиката за Најдобар филм во 2014-та на Филмскиот фестивал Бел Ер.

Гледајте ја оваа урнебесна комедија на 21.09 од 21:00 на FilmBox Premium.

„Ах! Тоа либидо“

Пола, Бети, Шарлот и Сенди се четири пријателки на различна возраст кои работат за еден од најважните весници во Франција, „Либерасион“. Жените во последно време преживуваат не баш најдобри моменти и сакаат да променат нешто во своите животи.

Еден ден, Бети им предлага на пријателките една храбра идеја што ја прифаќаат другите жени. Планираат да се сретнат со машка проститутка и да внесат малку свежина во своите животи.

Оваа француска комедија може да ја следите на 28.09 од 21:00 на FilmBox Extra.

„Детето на Озирис“

Во време на меѓупланетарни колонизации, поранешен медицински техничар Сај Ломброк, денеска скитник со тешко минато, неочекувано се здружува со Кејн Сомервил, поручник кој работи за вонземјанска воена компанија Ексор. Во трка против времето, заедно ќе се обидат да ја спасат Инди, ќерката на Кејн, соочувајќи се со чудовишта кои живеат во сите нас.

Со уникатни ликови, интензивна акција, начинот на кој овој филм ја раскажува приказната не само што е единствен, туку и амбициозен во секој оддел.

Не пропуштајте го Келан Латц во “Детето на Озирис“, на 22.09 од 21:00 на FilmBox Premium

„Револт на вонземјаните“

Пет млади лица наутро сфаќаат дека нивниот град е без функционални телефони, радио апарати и струја. Додека се обидуваат да побегнат од ситуацијата, согледуваат огромна летачка чинија. Наскоро нашата позната цивилизација ќе започне да се распаѓа, и петте пријатели ќе се најдат во средината на потполно нова анархија.

Дали ќе биде доцна додека сфатат дека всушност вистинската „битка“ е внатре во самото човештво?

Филм со Жан Клод Ван Дам и неговата ќерка Бјанка Бриџит. „Револт на вонземјаните“, на 27.09 од 21:00 на FilmBox Stars.


ПР објава