Што можете да купите со 1 долар во различни земји од целиот свет
Туристичкиот веб сајт Lonely Planet направи истражување во својата Фејсбук страница и ги праша своите следбеници што можат да си купат со еквивалент на 1 американски долар во нивната земја со нивната валута.
Погледнете што можете да купите со 1 американски долари во различни земји според анкетата :
Во Непал за 1 долар можете да добиете 10 Момо - леб со месо, зеленчук, сирење .
Во Виетнам за 1 долар можете да станете сопственик на шапка, DVD, три пара евтини сандали, пет пакети паста во некои евтини продавници.
Прилично оптимистично е да се купи добра улична храна за 1 долар во Тајланд. За оваа сума можете да добиете вегетаријански ручек.
Според читател на изданието со еден долар во Париз може да се купи малку повеќе од половина еспресо во Старбакс.
Во Индија за 1 долар можете да си земете Талин - комбинација од неколку вида храна во мали порции по ваш избор.
За еден долар во Австралија можете да купите лото грепка.
Во Велика Британија со оваа сума може да се добие мала порција помфрит од McDonald's.
Италија може да ве изненади со шише евтино вино или една таблета ибупрофен за мамурлак.
Во Египет читателите препорачуваат со 1 долар да купите koshary plate - стандардно египетско јадење со ориз, леќа, тестенини и кромид, прелиени со доматен сос. Тие сепак забележуваат дека има разлика во кој дел на Каиро престојувате, бидејќи во некои населби може да се купи само една крофна.
За 1 долар во Канада, можете да купите Timmy крофни во синџир на брза храна.