Што не смеете да му кажете на посвоено дете?

Добивај вести на Viber

Посвојувањето е хуман чин кој на двете страни им донесува огромна добивка, но од осамените поединци создава семејство. Иако овие семејства се специфични не треба да се прави фама и треба да се потрудиме целата транзиција да помине што поприродно и колку побезболно, Затоа социјалните работници и психолози кои се занимаваат со посвојувањето истакнуваат некои работи кои родителите кои посвоиле дете често ги зборуваат а не би требало тоа да го прават. 

Доколку сте одлучиле на овој начин да станете родители, потрудете се од почеток да бидете максимално одговорни кон чувствата на своето дете.

Детали како детето станало расположено за посвојување

Основните факти за животната приказна на детето кое судбината на крај ви го доделила вам му припаѓаат само нему, па немојте да ја надвладеете љубопитноста на семејството и пријателите, туку потрудете се фактите за таа приказна што подобро да му ги објасните на детето кога ќе биде доволно зрело само да одлучи со кој и колку детално сака да ја сподели приказната.

Никому не зборувајте детали кои вашето дете не ги знае

Доколку сте решиле да го заштитите детето така што ќе му ги премолчите болните детали од неговото минато, немојте да ви се испушти тие детали да ги раскажете на некој друг. 

Ако ви е потребно за тие детали со некој да зборувате тогаш обратете им се на луѓето од социјалните служби или личности кои биле задолжени за спроведување на усвојувањето.

Измислени приказни за биолошки родители

Понекогаш фактите од приказната на посвоените деца се многу болни, а понекогаш се соочени со непристојна љубопитност родителите не знаат што да кажат.

Во двата случаи треба да се води сметка за фактот дека приказната на детето е само негова и дека не се однесува на никој друг.

Секогаш треба да размислувате за тоа како се што кажеме во еден момент може да дојде до детето, што би значело дека тоа треба да се соочи со тоа дека цело време сте го лажеле и дека целиот однос на доверба мора да почнете да го правите одново. Сите знаеме колку е тешко повторно да се гради изгубена доверба.