Животна училница // Приказни
Што недостига во помалите градови за да се живее убаво?
- 26 Август, 2023
Скопје е град кој нуди повеќе можности, но во малите места не е така и има доста поплаки од граѓаните.
Жителите на различни општини имаат долга листа на барања за тоа што им треба за поубав и поквалитетен живот. Повеќе работни места, здравствени установи, паркови, подобра јавна хигиена и ред други работи се потребни.
„Мене конкретно не ми фалат многу работи, но за младите треба повеќе просперитет. Повеќе работни места, подобра економија. Зеленило и паркови секогаш ќе фалат, места да има каде да се излезе се потребни“, рече Гордана С. од Куманово.
Жителка на Делчево вели дека им се потребни повеќе работни места за младите да останат во градот. Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк