Што се менува кај луѓето со текот на годините?
Со текот на годините почнувате да живеете за моментите кои не можете да ги опишете со зборови. Повеќе не ви значи како ќе изгледате, што ќе облечете, како ќе ве гледаат другите, а најважно ви е тоа како се чувствувате.
Со текот на годините сфаќате дека немате многу време за луѓе на кои не им значите ништо.
Веднаш се оддалечувате од луѓето кои не ве почитуваат, кои ве искористуваат и ве игнорираат.
Сфаќате дека е добро да имате многу пари, но поважно е да имате мир и чиста совест.
Почнувате да уживате во оние мали работи во кои секогаш сте можеле да уживате.
Го ослободуваш срцето од негативни мисли, не си злопамтило и не очекуваш премногу од луѓето.
Сфаќаш дека среќата навистина се наоѓа во ситниците.
Со текот на годините, животот станува поедноставен, повеќе не комплицираш и ги замолуваш комплицираните луѓе да те одминуваат.