Што се случи со актерот по свадбата: Бен Афлек „уловен“ во изморено издание (ФОТО)

Изгледа многу изморено!

Бен Афлек беше фотографиран како го напушта својот имот во Џорџија, изгледајќи прилично ослабен на фотографиите по тридневната забава на која се прославуваше неговата втора венчавка со Џенифер Лопез.

Вел долг шест метри и најубава венчаница: Ова се првите фотографии од свадбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Актерот беше фотографиран во неделата вечерта како се вози на приватен аеродром, со полициска придружба до зградата, чиј влез беше блокиран за да ги оддалечат фановите и фотографите.

Бен изгледаше исцрпено додека се обидуваше да се сокрие на страна во автомобилот со делумно затворени очи.

фото: Profimedia

фото: Profimedia

Според TMZ, во автомобилот била и Џенифер Лопез, но таа не била фатена на фотографиите.

Бен и неговата придружба беа на пат кон приватен авион за да ја напуштат Џорџија каде што ги поминаа последните неколку дена славејќи ја неговата втора свадба со Џенифер.

За потсетување, парот се венча викендов на церемонија на неговиот имот во Џорџија, а судејќи по првите фотографии, се изгледаше како сцена од бајка.

Тридневната прослава на имотот вреден 8,9 милиони долари вклучуваше семејство, пријатели и бројни познати личности кои се собраа да го прослават најсреќниот ден на младенците.

Венчаница од Ралф Лорен, имот од соништата и покана за поранешната сопруга на Бен Афлек: Детали за свадбата на Џенифер Лопез

извор:espreso.rs