Бомбакис покажа како изгледа маж откако сам ќе чува бебе цел ден: Нема да го препознаете

Кристијан Станковски, познат во јавноста како Бомбакис на хумористичен начин покажа како изгледа маж откако сам ќе чува бебе. 

Младиот татко на социјалните мрежи, кој е познат како момчето со пораки на картони, овојпат на јавноста ѝ се обрати со фотографија и текст. 

Прво на Инстаграм Стори сподели фотка со неговата преслатка ќеркичка, Бисера која се‘ уште нема годинка, а веќе на наредното Стори откри како „изгледа“ маж откако сам ќе чува бебе цел ден. 

Со побелена коса и измачено лице полно со брчки, Бомбакис користејќи филтер насмеа многумина. 

„Не е тешко сам да чуваш дете. Бомбакис 33 години“, се пошегува Кристијан.

Инаку малата Бисера која се роди минатата година во декември, во јули годинава беше крстена.


Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.