Што симболизира бојата на цвеќето?
Речиси секоја жена сака цвеќе, некои во одреден вид, други пак заради специфичен мирис, а трети пак во одредена боја на цвеќе. Мирисот и изгледот на цвеќињата ја нагласува нивната убавина, но исто така и бојата е една од карактеристиките на нивната убавина. Освен што бојата прави да изгледаат посебно и впечатливо, дали сте се запрашале што всушност означува бојата на цвеќето кое го сакате или пак сте го добиле на поклон?
Црвена боја
Црвената боја на цветови е најчесто користена и асоцира на искрени чувства и љубов. Исто така симболизира страст и желба за внимание. Се користат и да се искаже почит кон некого, храброст и восхит. Најчести цвеќиња кои го покажуваат ова се црвените ружи, лалиња, сардели, булки.
Розева боја
Розевата боја на цветови е многу нежна боја и затоа многу често се користи за искажување на женственост, среќа, нежност, но исто така симболизира љубов и невиност. Па затоа нема да погрешите доколку кон некој имате такви чувства да подарите розев цвет. Розевата боја ќе ја најдете кај цветови како ружите, гербери, азалеа, божури, лилјани.
Бела боја
Белата боја на цветови симболизира чистота и невиност, но исто така и сочувство. Оваа боја на цветови традиционално се користи за невестинските бидермаери. Цветови кои се среќаваат во оваа боја се орхидеите, гербери, каранфили, ружи.
Жолта боја
Оваа боја ја сакаат многумина бидејќи шири позитивна енергија, среќа и радост, но исто така и гордост. Жолтата боја е боја на пријателството, па затоа доколку сакате да поклоните цвеќе на пријател токму оваа боја е таа која треба да ја изберете. Цветови кои се во жолта боја се сончогледите, нарцисите, герберите, лалињата и лилјаните.
Портокалова боја
Оваа боја која е полна со живот ни носи голема енергија, возбуда, сила. Цветови кои ќе ги сретнете во оваа боја се лилјаните, лалињата, маргаритка.
Виолетова боја
Оваа боја на цветови симболизираат успех, голем восхит и достоинство. Затоа доколку некој близок постигнува некаков успех можете да изберете цвеќе во виолетова боја како честитка за успехот. Цвеќиња кои ќе ги сретнете во оваа боја се ирисот, ѕвончиња, петунии, јоргован.
Сина боја
Овие цветови шират чувство на смиреност, релаксација и мир, ослободуваат од стрес. Доколку сакате да почувствувате смиреност и да се ослободите од стресот, дозволете си едно цвеќе токму во оваа боја. Во оваа боја ќе сретнете хидранеа, петунии, ниски каранфили.
Лаванда
Оваа боја иако е спаѓа во тоновите на виолетовата, сепак се разликува од неа. Лавандата означува елеганција и младост. Оваа нежна боја ќе ја најдете кај цветови како лаванда, орхидеи, петунии, гербери, лилјани.
Зелена боја
Зелената боја асоцира на пролет па поради тоа, можеме да ја поврземе со обновата, добрата среќа и здравје, младоста. Оваа боја на цветови буди позитивни чувства. Оваа боја ќе ја најдете кај неколку билки кои всушност имаат зелени цветови како што се криновите, кали, орхидеи, хризантеми.
За Женски магазин, Ана Јордановска