Што треба да направите пред да ги офарбате јајцата
Треба Да ги офарбате јајцата. Прочитајте ги советите, за да вашите јајца бидат свежи и убаво украсени.
Користете свежи јајца
Доколку фарбате поголем број на јајца, а планирате да ги подарите, да ги јадете неколку дена, користете свежи јајца. А дали сте купеле свежи јајца или не, ќе знаете кога ќе ги донесете дома и ќе ги ставите во ладна вода, јајцето кое ќе остане на дното е свежо, а лошото јајце ќе исплива на врвот на чашата.
Бојата на лушпата не е важна
Јајцата може да бидат бели, светли или темно смеѓи. И тоа нема врска колку јајцата се свежи и хранливи. Има врска само доколку сакате да постигнете одредена боја. Белата и светло смеѓата се полесни за бојадисување, а се препорачува дека ако не сакате да ги фарбате може да ги украсите со украси.
Не варете ги јајцата кои стоеле во фрижидер
За да јајцата не ви пукнат додека ги бојадисувате, еден час пред тоа извадете ги од фрижидер.
Не фрлајте ги бојадисаните јајца.
Ако некое јајце ви пукне, немој да го фрлате, ниту фарбате со индустриска боја, туу само на природен начин кој е најздрав. Во длабок сад ставете вода и листови од кромид. На неофарбаното јајце ставете лист од детелинка, завиткајте го со чорап и ставете во вода.