Штом ги отвори очите ја дочека прекрасно изненадување: Што доби Катарина Грујиќ од сопругот фудбалер за 8-ми март? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сопругот на познатата Катарина Грујиќ, фудбалерот Марко Гобељиќ, се потруди со сите сили да ја изненади пејачката на 8-ми март

Познатата пејачка Катарина Грујиќ е среќна во бракот со фудбалерот на „Црвена ѕвезда“, Марко Гобељиќ.

Среќниот пар кој ја има и ќерката Катја Гобељиќ ужива во љубовната идила и докажува дека музичко-спортските бракови можат да бидат многу успешни.

View this post on Instagram

A post shared by (@katarinagrujic.doll)


Нивната љубов секој ден станува сè посилна, а и двајцата имаат одличен однос со родителите, што е дополнителен ветер зад нивниот брак.

- Од првиот ден на нашата врска и кога отидов во Краљево да ги запознаам, имаме убава врска. Многу се зближивме, особено сега кога ја добивме ќерката Катја, многу ни помагаат. Тие се навистина прекрасни луѓе, исто како и моите. За џабе не велат дека Краљевчани се најдобри - изјави Грујиќ во една прилика.

Дека навистина уживаат во заедничкиот живот докажува и убавото изненадување кое Катарина го доби од сопругот на 8-ми март. Се чини дека во семејството Гобељиќ - Грујиќ Катарина повеќе сака да спие, додека Марко станува порано.

View this post on Instagram

A post shared by (@katarinagrujic.doll)


Ова не е чудно, бидејќи таквиот ритам е во согласност со нивните професии. Марко е фудбалер кој има секојдневни тренинзи, па не е ни чудо што сака да станува рано.

Од друга страна, Катарина е пејачка чија работа е да настапува навечер по клубови, па нормално е да спие малку повеќе.

Така беше и денеска. Таа стана по Марко, но штом ги отвори очите, ја чекаше убаво изненадување. Имено, фудбалерот ѝ остави прекрасен букет рози по повод празникот.


Пејачката беше воодушевена од гестот на нејзиниот сопруг, а доказ за тоа е тоа што веднаш се пофали со овој подарок на Инстаграм.

- Добро утро. Среќен 8-ми март – напиша Катарина на оваа фотографија.