Шветската принцеза за крштевањето на синот блесна во тоалета совршена за оваа пригода: Луксузно, нежно, софистицирано
Шведското кралско семејство се собра кон средината на август
во кралската капела од 17 век во палатата Дротингхолм, на островче во близина
на Стокхолм, за специјална
пригода; за крштевањето на нивниот најмлад член - принцот Јулијан.
Малиот Јулијан е третиот син на принцот Карл Филип (42) и принцезата Софија (36), а тој е седми во редот за престолот. Двојката веќе има два сина - Александар (5) и Габриел (3). Малото момче за крштевањето носеше бел фустан од тантела, што го носеше неговиот татко во 1979 година, а пред тоа и други негови предци. Фустанот е дел од семејното наследство, а првпат го носеше дедото на сегашниот крал Чарлс XVI Густав - принцот Густав Адолф на крштевањето во 1906 година.
Сепак, симпатиите на јавноста ги освои принцезата Софија, мајката на бебенцето, која изгледаше совршено во бел фустан од брендот „Етро“ со извезени шарени цвеќиња. Ако некој не‘ праша како ја замислуваме совршената креација за ваква прилика - треба да биде токму вака!
Прекрасната бринета го надополни овој прекрасен фустан со салонки во беж боја, дискретни бисерни обетки и голема сатенска лента за коса.
Не е ни чудо што сите погледи беа вперени во 36-годишната принцеза, која уште еднаш потврди дека оправдано ја носи титулата една од најдобрите стилизирани дами во Европа.
Интересно е што шведската јавност еднаш ја отфрли Софија, тврдејќи дека „обичната“ жена од народот и поранешна учесничка во реално шоу не е доволно добра за згодниот принц Карл Филип, но благодарение на нејзината весела природа, непосредност и посветеност, луѓето на крајот се заљубија во неа. Софија сега е омилен член на кралското семејство!
„Тоа беше огромна омраза против мене како личност, луѓето беа против нашата љубовна врска. Тоа се лузни и трауми за цел живот. Тешко е да се справите со тоа кога сте сами, но имав среќа да имам љубов и поддршка од семејството покрај мене, сопругот и луѓе кои ме сакаат“, открила оваа бринета.
Принцот ги извести локалните медиуми дека нема да ги толерира нивните напади врз Софија, а на оваа дама и беше даден тим стилисти да се прилагоди на нејзиниот иден живот. Тие и забранија темен тен, ѝ предложија нови фризури и ја советуваа да се фокусира на класичниот стил на облекување, а исто така се ослободи и од пирсинг пред свадбата.
Двојката размени завети во Стокхолм на 13 јуни 2015 година, и тие се‘ уште живеат во хармоничен и среќен брак.
Фото: Profimedia
Јавноста тешко ја прифати: Принцезата Софија, од топлес, преку мис, до кралска титула