Си најде љубов после разводот? Данијела Димитровска има ново момче, а еве и како изгледа (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Instagram printscreen/danijeladimitrovska

Таа сѐ уште ја крие врската со спортистот

Данијела Димитровска неодамна изјави дека сѐ уште не е време да зборува за партнерот по разводот, но медиумите сега стигнаа до фотографија од нејзиниот сакан.

Манекенката ужива во љубовта покрај згоден спортист, пренесува Story, а станува збор за поранешен фудбалер по име Џеврем.


Според пишувањето на овој магазин, двајцата повеќе не се кријат, а фотографијата од неговиот Инстаграм профил доволно кажува дека тој е целосна спротивност на Огњен Амиџиќ.

Како што напиша 24седам, водителот по разделбата со Данијела си најде девојка, Мина Наумовиќ, а очигледно сега и Димитровска најде љубов.


-Ќе зборуваме кога е тоа во прашање, никогаш ништо не сум криела, па нема да кријам ни сега - изјавила неодамна Данијела за својот потенцијален партнер, додека за Мина изјави:

- Што се однесува до тоа, на сите им посакувам љубов. Јас сум суштество кое цени се што е убаво и позитивно и навистина на сите им посакувам љубов и тоа е тоа - заврши Данијела Димитровска.