Силк Роуд Банка ги ослободува од еднократен надомест сите корисници на електронско банкарство

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите постојни и идни корисници на електронското банкарство за физички лица дека имајќи ги предвид преземените мерки и настанатата ситуација на целата територија на државата, сите корисници до 19.04.2020 година се целосно ослободени од плаќање на еднократен надоместок од 500,00 МКД за користење на можноста за вршење на електронски трансакции преку компјутер или мобилен телефон.

„Креирањето на нов кориснички профил и пристап до електронското банкарство се врши на следниов линк https://bit.ly/39ZLXmO со едноставна најава со корисничко име и лозинка. Мобилната апликација може да се преземе бесплатно директно од Google Play за мобилни уреди на Android платформа или од App Store за мобилни уреди на iOS платформа.

Со користење на електронското банкарство сите плаќања во државата и странство, плаќања на режиски трошоци и фактури може да се вршат од дома во било кое време без потреба од посета на експозитура на банката.“, посочуваат од банката.

Дополнително, заради превенција од евентуално пренесување и ширење на заразата, од банката, советуваат да се намали употребата на готовина, а да се зголеми користењето на платежните картички покрај останатите електронски начини на извршување на трансакциите.