Силк Роуд Банка со нов современ систем за електронско и мобилно банкарство

Добивај вести на Viber

Пуштена е во употреба нова верзија на системот за електронско и мобилно банкарство, со модерен и софистициран изглед,односно можност за користење на нови, совршени и подобрени функционалности, известија од Силк Роуд Банка АД Скопје.

Новиот систем на електронско и мобилно банкарство е со современ и интуитивен дизајн прилагоден на потребите на клиентите за брзо, едноставно и ефикасно користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на Банката и чекање во редови на шалтер.

Новина во надградениот систем за електронско банкарство претставува мобилната апликација за правни лица, односно можноста за преглед и/или вршење плаќања преку мобилен телефон. За подетални информации во врска со оваа услуга како и можноста за имплементација и активацијапотребно е клиентите да ја посетат најблиската експозитура на Банката.

Електронското и мобилното  банкарство на Силк Роуд Банка им овозможува на клиентите 24/7 преглед во состојбата на Вашата трансакциска или штедна сметка, преглед на кредити и бизнис картички, распределба на девизни приливи, можност за вршење плаќања во земјата и странство и менувачница.

Услугата е достапна од дома, од канцеларија или, од било кое место со пристап до интернет, независно од работното време на Банката, клиентите да можат да управуваат со нивните трансакции 24 часа на ден.Користејќи ги услугите на електронско и мобилно банкарство клиентите се сигурни дека имаат највисоко ниво на безбедност за заштита на трансакциските сметки и лични податоци, како и пониски трошоци од редовните.

ПР објава