Силк Роуд Банка со нова можност за одложување на плаќањата на отплатата на кредитите за физички лица

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје на ден 04.09.2020 година на веб страната објави втора понуда за промена на договорните услови за кредитните производи за население, oбезбедувајќи одложена наплата на обврските за кредитните производи, а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19.

Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, Силк Роуд Банка повторно ќе овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти. 

 Можноста за одложување на плаќањето ќе се однесува на сите физички лица, кредитокорисници во Силк Роуд Банка, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во Силк Роуд Банка кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 01.03.2020 до 24.03.2020 година и се финансиски засегнати од пандемијата на COVID-19.

Одложувањето на плаќањето на кредитните обврски ќе биде овозможено за дополнителни 6 (шест) месеци, најдоцна до 31.3.2021 година, само за клиентите - физички лица кои имаат неопходна потреба од истото, односно исполнуваат најмалку еден од следните критериуми: 

Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат престанок на работен однос во периодот на кризата

Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата

Високи медицински трошоци поради болест предизвикана од COVID-19

Сите физички лица корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници кои сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми во оваа Понуда, ќе можат најдоцна до 18.09.2020 година самостојно да аплицираат и да поднесат барање за одложено плаќање директно во експозитурите на Банката, со приложување на соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите. Во таа насока, Банката ќе пристапи кон разгледување на примените барања и за својата одлука дополнително ќе ги извести клиентите. 

Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

Целосната понуда на банката е достапна на следниов ЛИНК (https://silkroadbank.com.mk/NewsDetails?News=60)