Силк Роуд Банка во четврток започнува со предвремена исплатата на пензиите за септември
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец септември ќе се врши на 29.09.2022 година (четврток). Почнувајќи од 29.09.2022 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.
Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 29.09.2022 година (четврток), согласно распоредот направен според висината на пензијата:
·Во четврток, на 29.09.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
·Во петок, на 30.09.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
·Во понеделник, на 03.10.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
·Во вторник, на 04.10.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
При посета во експозитурите, со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.