Силк Роуд Банка во вторник започнува со предвремена исплатата на пензиите за април

Добивај вести на Viber

 Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец април ќе се врши на 26.04.2022 година (вторник). Почнувајќи од 26.04.2022 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.


Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 26.04.2022 година (вторник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

·  Во вторник, на 26.04.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

·  Во среда, на 27.04.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

·  Во четврток, на 28.04.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

·  Во петок, на 29.04.2022година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.


Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

Од банката напоменуваат при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 мeтри од останатите клиенти и банкарските службеници.


ПР објава