Силно бебе: Синот на Софија Милошевиќ има помалку од половина година и веќе научи една работа

Манекенката се пофали, па доби бројни реакции од обожавателите...

Софија Милошевиќ и Лука Јовиќ станаа родители на почетокот на септември. Тие на наследникот му го дадоа името Алексеј и од самиот почеток беше во центарот на нивното внимание. Манекенката на својот Инстаграм често покажува како се снаоѓа во улогата на мајка, а во исто време и достигнувањата на Алексеј не можат да останат незабележани. Така, во последните објави на споменатата социјална мрежа, таа покажа дека Алексеј веќе лази, на само четири и пол месеци.

- „Имам четири и пол месеци и лазам, јас сум силно бебе!“ - напиша Милошевиќ во објавата, и додаде дека е горда на својот син.

Со ова, таа секако предизвика бројни реакции кај обожавателите кои ја следат и кои уживаат во нејзините објави од семејната куќа.

Инаку, повеќето бебиња со лазење почнуваат на околу девет месеци, некои дури и на една година. Некои, пак, целосно го прескокнуваат овој чекор за развој, па во еден момент проодуваат.