Софија Мило и Лука Јовиќ добија син: Прва фотографија од наследникот во болница

Добивај вести на Viber

Манекенката Софија Милошевиќ и нејзиниот вереник, фудбалерот Лука Јовиќ, вчера на 8-ми септември го добија своето прво заедничко дете.

Софија се породи во приватна болница во Мадрид, и роди здраво момче.

Гордиот татко ја сподели среќната вест на својот Инстаграм профил, каде објави фотографија со неговата поубава половина и синот.

- Нашето момче пристигна! - напиша Лука и додаде емотикон срце.

Софија лежи во болничкиот кревет и го држи својот новороден син во рацете, видно уморна и насмеана, додека гордиот татко позира покрај нив со широка насмевка.

Честитки за гордите родители пристигнуваат од сите страни!